Дома Трансфер зона Јунајтед се враќа на старата мета: Ако не може Санчо за 120 милиони евра, може Дембеле за 60

Јунајтед се враќа на старата мета: Ако не може Санчо за 120 милиони евра, може Дембеле за 60

Осман Дембеле повторно привлекува внимание на фудбалската сцена. Како што пишува реномираниот магазин „Атлетик“ крилниот играч за врска би можел да биде главна мета на Манчестер Јунајтед откако на „Олд Трафорд“ процениле дека Џејдон Санчо е прескап.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дортмунд еден од своите најдобри играчи го проценува на 120 милиони евра, па изгледа „црвените ѓаволи“ не се спремни да влезат во преговори за таква сума. Поради тоа во Јунајтед вниманието го насочиле кон Дембеле кој Барселона би можела да го продаде за 60 милиони евра, Барса во овој момент бара 20 повеќе, меѓутоа веројатно таа цена би можела да се спушти.

Интересот од „Театарот на соништата“ за Французинот не е ништо ново. Беше мета на Јунајтед и во 2017 година кога Барселона беше побрза и го доведе за 125 милиони евра од Борусија.

Единствено нешто кое би можело да направи проблем во преговорите е склоноста на Дембеле кон повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…