Дома Фудбал Италија Јувентус се огласи: Ќе соработуваме во истрагата

Јувентус се огласи: Ќе соработуваме во истрагата

Финансиската полиција ги претресе клупските простории на Јувентус, и покрена истрага за трансакции во периодот 2019-2021 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за сума од речиси 50 милиони евра. За лажирање на трансакции (издавање сметки за непостоечки трансакции) и финансиски извештаи, осомничени се шест челни лица на клубот од Торино, меѓу нив и претседателот Андреа Ањели и потпретседателот Павел Недвед.

„Јувентус потврдува дека јавните обвинители во Торино почнаа со истрага за клубот и дел од сегашните официјални лица (Андреа Ањели, Павел Недвед и Стефано Черато) и поранешни официјални лица за приходи од продажба и регистрација на играчи. Клубот соработува со истрагата и е сигурна дека ќе се разјаснат сите моменти и ќе се потврди дека се работело под потребните регулативи и според интернационалната практика во фудбалската индустрија“, се вели во соопштението на клубот.

„Старата дама“ ризикува парична глоба, одземање бодови па дури и преселба во Серија Б доколку истрагата покаже дека имало неправилности при сомнителни 42 трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем планира понуда за Рашфорд

Тотенхем планира да испрати понуда до Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец Мар…