Јувентус во јануари сака да донесе квалитетен играч за врска, кој ќе биде замена за суспендираниот Пол Погба.
Прва желба на раководството е англискиот репрезентативец Калвин Филипс и „бјанконерите“ веќе работат на трансферот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Филипс нема иднина на „Етихад“ и сака да ја промени средината во јануари, а интерес за него покажуваат многу европски клубови.
Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата, бидејќи Алегри смета дека Филипс идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
„Бјанконерите“ веќе почнале преговори со Манчестер Сити за позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.
💣💥Juventus have entered talks with Manchester City over a loan deal for midfielder Kalvin Phillips. 🏴 🔵#MCFC ⚫#ForzaJuve
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) December 22, 2023
⚡ The Serie A side would prefer a loan deal until the end of the season while City would ideally like a permanent transfer. https://t.co/biWoJ0Z6S9 pic.twitter.com/xRPTmOjxrJ