На неколку дена пред почетокот на актуелната сеозна Кристиано Роналдо го напушти Јувентус.
Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед, а за неговото заминување сега зборуваше генералниот директор на „старата дама“, Маурицио Аривабене. Тој нагласи дека Јувентус изгледал малку потресено по заминувањето на Португалецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сезоната за нас започна со заминувањето на важен играч, па така Јувентус изгледаше малку потресено. Кога играч како Роналдо ќе ве напушти, таквата ситуација е неизбежна. Сепак, сега мислам дека играчите чувствуваат поголема самодоверба и тргнаа во вистинска насока. Тимскиот дух е повеќе изразен“, изјави Аривабене.
На Јувентус сезонава баш и не му оди после 13 коло тимот се наоѓа на 8. место во Серија А со 21 освоен бод.