Јувентус многу потешко од очекуваното дојде до победа на гостувањето кај Кремонезе.
Херој на „бјанконерите“ беше Аркадиуш Милик, кој постигна гол во судиското продолжение и тоа со фантастичен удар од слободен удар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус го контролираше мечот од самиот старт, но во првиот дел не успеа да создаде многу посериозни шанси.
Во вториот дел Алегри фрли се на една карта, во игра ги стави Киеза, Моис Кин и Рабио, па „старата дама“ почна да создава многу шанси. Сепак, победата дојде во судиското продолжение со голот на Милик.