Дома Топ вести Јувентус бара напаѓач, спрема „бомбастичен“ трансфер

Јувентус бара напаѓач, спрема „бомбастичен“ трансфер

Едно од приоритетните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок веројатно ќе биде класичен напаѓач.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус ова лето ќе се раздели со Гонзало Игуаин, а прво име на списокот е ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот.

Моментно вредноста на Кејн е 150 милиони евра и има договор со Тотенхем до  2024 година. „Спарси“ нема лесно да се откажат од својата ѕвезда, па „бјанконерите“ ќе треба добро да го одврзат кесето.

Притоа, треба да ја победат и големата конкуренција, бидејќи за Англичанецот се заинтересирани уште Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…