Каде е и што прави, Кристијан Пулишиќ?!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Со епитетот еден од најголемите таленти во светот пристигна во Челзи за сума од 64 милиони евра од редовите на Борусија Дортмунд.
Очекувањата од Пулишиќ беа големи посебно во САД каде што е репрезентативец и каде што е ѕвезда, но како што одминува сезоната Пулишиќ не покажува ништо.
Имено, во последните шест натпревари 21 годишниот крилен напаѓач собра само 90 минути во синиот дрес. И тоа во Лига Купот против Гримсби минатата среда. Како резерва седеше на клупата против Вулвс, Валенсија, Ливерпул и Брајтон. Во игра не влезе.
Вечерва против Лил не е ниту на клупата.