Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ остро го демантираше написот на италијанскиот весник „Ла Република“ дека сака да го напушти клубот поради наводно несогласување со тренерот Консеисао.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Американскиот репрезентативец вели дека нема никакви недоразбирања со тренерот и ги обвини медиумите дека измисливаат.
„Мислам дека треба да ни дадете простор без овие шпекулации и измислици. Никогаш не сум се расправал со тренерот и не сум барал да заминам. Овие лаги се неприфатливи за мене, ве молам оставете ги играчите на мир.Сите сме единствени и обединети во главната цел, а таа е да прикажуваме добри игри и резултати. Нема никаков хаос во тимот, само минуваме низ турбулентен период. Почит за нашите навивачи, тие секогаш се со нас“, истакна Пулишиќ.