Многу информации овие денови се појавуваат во врска со иднината на Кристијано Роналдо. Се повеќе се пишува дека Португалецот ќе си замине од „Олд Трафорд“.
Последен клуб со кој Роналдо се поврзува е тимот на Баерн Минхен. Шпански „АС“ пренесува дека германскиот гигант би можел да го доведе како замена за Роберт Левандовски кој прави се за клубот да го пушти во Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најавите од Островот се дека Роналдо не се вклопува во идејата на Ерик Тен Хаг, додека во Баерн ќе добие и можност повторно да игра во Лигата на шампионите што во Јунајтед не би било случај во сезоната која следи.
„После потписот со Садио Мане, Баерн може да го донесе и Кристијано Роналдо со што би станал главна тема во овој преоден рок“, стои во дел од текстот на „АС“.
Ако се случи Роналдо да премине во Баерн тогаш после Премиер лигата, Ла Лига и Серија А Португалецот ќе заигра и во Бундеслигата.