Барселона не штедеше пари ова лето и донесе неколку големи засилувања на „Камп Ноу“, меѓутоа ниту еден од играчите кои пристигнаа летово сеуште нема постигнато гол за Каталонците. Шпанскиот весник „АС“ пресмета дека шесте засилувања на Барса оваа сезона одиграле 1.983 минути без постигнат гол. Имено, 90 минути одигра голманот Силесен на кого не му е работа да постигнува голови. …