Ситуацијата во Примера е многу јасна.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Доколку Реал Мадрид вечерва ја победи Селта во заостанатиот натпревар во Примера, во последното коло во недела ќе му биде доволно и бод против Малага за првата титула во последните пет години.
Но, вечерашниот натпревар ќе биде се, само не лесен за Реал. Во Виго последниве години испаднаа од купот, пред тоа од Селта загубија и на „Сантијаго Бернабеу“ во истото натпреварување, а и во шампионатот Селта ја добија со голот на Крос во 81. минута.
Барселона во моментов е лидер на табелата поради подобрата гол разлика, а во последното коло го пречекуваат Еибар и всушност единствената надеж им е чудо на Селта против Реал. Така, во шпанските дневни спортски весници кои ја следат Барса, Мундо Депортиво и Спорт, денеска излегоја со наслов „Forca Celta“.
Не е познато дали Барселона можеби и финансиски ќе ги награди Селта, кој во 7. коло ги победија со 4:3, што е еден од само четирите порази на Барса оваа сезона.
