Дома Фудбал Шпанскиот селектор проговори за односот помеѓу Пике и Рамос

Шпанскиот селектор проговори за односот помеѓу Пике и Рамос

Жерард Пике и Серхио Рамос се главните интернет ѕвезди во Шпанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дефанзивците од големите ривали Барселона и Реал Мадрид често пати на социјалните мрежи влегуваат во конфликт поради судиските одлуки, а за нивниот однос зборуваше и шпанскиот селектор Јулиен Лоптеги.

Тој тврди дека односот во репрезентацијата е одличен и дека помеѓу нив нема никакви проблеми.

„Не можам да го контролирам тоа што се случува надвор од теренот, но на теренот нивниот однос е навистина одличен. Целосно се посветени на тимот и нивниот однос не е нарушен”- изјави Лоптеги.

Пике и Рамос се носители на играта на селекцијата на Шпанија. Сепак, нивните последни препукувања преку друштвените мрежи наводно го нарушиле нивниот однос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…