Дома Топ вести Мрачните тајни на Барса: Роналдињо и Деко се изживувале со Кркиќ!

Мрачните тајни на Барса: Роналдињо и Деко се изживувале со Кркиќ!

Откако поранешниот претседател на Барселона, Алфонс Годал, кој должноста ја извршуваше од 2003 до 2010, даде шокантно интервју за каталонското радио „Ла Сотана“, цела фудбалска јавност во Каталонија се крена на нозе.

Годал без влакна на јазик откри некои неверојатни и мрачни детали кои доколку се вистинити ќе фрлат огромна дамка на еден од најголемите во историјата, Роналдињо Гаучо.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Не е непознатo дека бразилскиот фудбалски волшебник е еден од малкубројните кои никогаш не играше фудбал, туку си играше фудбал, од самиот почеток на својата кариера важеше за чудесен фудбалер, но голем „бељаџија“.

Роналдињо без сомнеж е еден од најголемите кој некогаш истрчале на зелениот терен, неговите дриблинзи, потези, голови, беа мали ремек дела поради кои ние љубителите на најважната споредна работна во светот уживавме. Кариерата која ја направи во најмала рака е импресивна, а сигурно можеше да биде и поголема, доколку поминуваше помалку време во ноќните клубови.

Годал за каталонското радио откри дека Роналдињо бил предводникот на таканаречниот клан Каприњо (бразилски познат коктел), а кланот го сочинувале, Тиаго Мота, Макси Лопез и Деко.

Ова друштво често пати организирало разни забави кои неретко се претварале и во оргии, а Роналдињо и остатокот од екипата, како што кажува Годал се изживувале врз помладите фудбалери.

Најчеста мета им бил Бојан Кркиќ.

„Имаа навистина чудни навики. Уживаа во пиењето, оргиите и малтретирањето помлади играчи. Најмногу страдаше Кркиќ“, изјави Годал.

Кланот Каиприњо се распадна во 2008 година кога на тренерската клупа на Барса седна Пеп Гвардиола. Шпанецот ги „избрка“ Деко и Роналдињо, главно поради лошото влијание на тогаш младиот Меси, а Мота и Лопез клубот го напуштија подоцна.

Кога станува збор за Кркиќ, кој беше голема надеж на каталонскиот гигнат, неговата кариера не се одвиваше како што многумина очекуваа. Како тинејџер беше еден од најпреспективните, но потоа целосно се изгуби.

Денес овој 26 годишен фудбалер го носи дресот на Мајнц, а со голот кој го постигна против Баерн неодмна влезе во историјата како седми фудбалер кој постигнал голови во четирите најголеми првенства, англиско, германско, италијанско и шпанско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета: Бевме блиску, но овој тим не играше во Лигата на шампионите седум години

Фудбалерите на Арсенал беа елиминирани од Лигата на шампионите, бидејќи во четвртфиналето …