Дома Фудбал Лига на шампиони „Кралевите“ бараат околу 45.000 билети за финалето

„Кралевите“ бараат околу 45.000 билети за финалето

Реал Мадрид прими 44.755 барања од навивачите за билети за финалето во Лигата на шампиони кое ќе се игра на 3. Јуни во Кардиф.

Навивачите на „кралскиот“ клуб имаа можност да испраќаат барања до 20 часот, а мадридскиот клуб доби околу 15 илјади места.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Добитниците ќе се извлекуваат со лотарија, а тие кои ќе дојдат до карти нема да можат да ги препродаваат, па клубот издаде предупредување дека препродавачите сигурно ќе бидат казнети.

Иако повеќе од 30.000 ќе останат да го гледаат финалето на телевизија, ова не е најголемиот интерес за едно финале на Реал Мадрид во последните години.

Многу повеќе карти се бараа кога Реал играше во Лисабон за десетата титула во Лигата на шампиони во 2014 година. Тогаш „кралскиот“ клуб доби 73.314 барања за влезници, а две години подоцна за миланското финале 56.000 барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…