Дома Македонски спорт Мак фудбал Шпанија пресилна, прв пораз на нашите ракометарки

Шпанија пресилна, прв пораз на нашите ракометарки

Женската ракометна репрезентација загуби убедливо од Шпанија со 31-19 во третиот меч од квалификациите за ЕП.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски на почетокот од мечот играа солидно и му парираа на фаворизираниот противник, кој во завршницата од првото полувреме направи серија од 0:5 и поведе со 10:17.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме Шпанија тргна фуриозно, гостинските направија серија од 6-0 дојдоа до предност од 23-11 која ја одржаа до самиот крај за победа од 31-19.

Сара Ристовска со шест гола беше најефикасна, Јована Кипријановска постигна четири. Кај Шпанија Кабрал Барбоса даде седум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…