Дома Фудбал Англија Шокантна понуда: Откриена сумата за која може да биде продаден Манчестер Јунајтед

Шокантна понуда: Откриена сумата за која може да биде продаден Манчестер Јунајтед

Престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман подготвува понуда од неверојатни 4 милијарди фунти за Манчестер Јунајтед, тврдат англиските медиуми.

За интересот на принцот кон славниот англиски клуб се проговори пред една недела, а сега медиумите излегоа со конкретна понуда и сума, која сериозно ќе ги замисли сегашните сопственици од семејството Глејзер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едниот од нив, Аврам Глејзер, дури морал да патува оваа недела до Ријад за учество во форум, но во последен момент посетата пропаднала. Се очекуваше тогаш да има личен разговор со Бин Салман. Сепак прогнозите се дека средбата може да се оствари во наредните недели.

Семејството на Мохамед бин Салман располага со богатство од неверојатни 850 милијарди фунти, а принцот пред извесно време потврди дека сака да купи свој фудбалски клуб.

Доколку семејството Глејзер го продаде Манчестер Јунајтед за 4 милијарди фунти, тие ќе имаат профит од 2,2 милијарди фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…