Дома Трансфер зона Хрватски третолигаш купи играч за пола милион евра

Хрватски третолигаш купи играч за пола милион евра

Хрватскиот третолигаш Кустошија го привлече вниманието на медиумите од регионот откако купи фудбалер вреден 500.000 евра што за третолигаш на Балканот е неверојатна сума.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува сбор за 17-годишниот Баје Кулибали кој е младински репрезентативец на Мали. Трансферот на Кулибали го најави Фабрицио Романо на друштвените мрежи пред неколку недели, а сега се е потврено. Баје Кулибали се истакнува како еден од најталентираните афрички фудбалери во овој момент.

Ќе потсетиме, дека тимот на Кустошија минатото лето го продаде фудбалерот Фаје на Барселона за пет милиони евра и така првпат се најде во центарот на вниманието и на светските медиуми.

Сега очигледно дел од таа сума одлучиле да ја инвестираат во овој млад фудбалер од Африка, а како ќе им се исплати останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…