Дома Останати Ракомет Хансен доби поддршка, европските ракометари не сакаат да играат пред публика во Египет

Хансен доби поддршка, европските ракометари не сакаат да играат пред публика во Египет

Норвешката ТВ 2 денес објави дека Унијата на европски ракометари испратила писмо до претседателот на Светската ракометна федерација, Хасани Мустафи.

Во своето писмо тие искажуваат загриженост за одлуката на трибините на Светското првенство во Египет да има навивачи. Ако нема промени салите во Египет за СП ќе бидат отворени со 20% од капацитетот.

Ракометарите од ЕХФ бараат да се откаже од планот да ги пушти гледачите на трибините затоа што сметаат дека тоа може да влијае на здравјето на играчите и сите што се во репрезентацијата.

Ќе потсетиме пред неколку дена Микел Хансен јавно истакна дека не сака да игра пред публика и поради тоа размислува дали да настапи на СП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Томовски блескаше за Битигхајм – запиша 16 одбрани против шампионот Магдебург

Мартин Томовски имаше одлична голманска партија, но не успеа да го спречи поразот на Битиг…