Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон од пол позиција ќе стартува на трката за Голамата нагрдата на Австралија.
Британецот имаше одлични квалификации и за 0.664 делови од секундата зад себе го остави Кими Раиконен. Трет трката во Австралија ќе ја стартува вториот пилот на Ферари, Себастијан Фетел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Четврто и петто место го зазедоа возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикардо.
Another mighty qualifying effort seals @LewisHamilton's 73rd career pole #Quali #AusGP #F1 pic.twitter.com/t8Q0nt5s26
— Formula 1 (@F1) March 24, 2018
Валтери Ботас направи голема пилотска грешка и се удри во безбедносната бариера покрај патеката – прејде преку тревникот и удри во безбедносниот ѕид. Финскиот возач се чувствува добро, но болидот е прилично оштетен. Ботас трката ќе ја започне од десеттата позиција.
While @LewisHamilton stormed to pole in Melbourne, things didn't quite go to plan for his @MercedesAMGF1 teammate… ? ?#AusGP #F1 pic.twitter.com/7V8jZapP6b
— Formula 1 (@F1) March 24, 2018