Екипата од Ливерпул во моментов е водечка на табелата во Премиер лигата со еден бод пред Манчестер Сити, а според предвидувањата до крајот на сезоната, „Црвените“ повторно ќе останат без титула.
„Sporting Index“, портал кој работи со математчки предвидувања на резултати направи конечна табела до крајот на сезоната и според нив ново-стар шампион ќе биде Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спроед нивните предвидувања, Сити ќе ја освои титулата со 97 бода, додека Ливерпул ќе заврши втор со пет бода помалку (92). Местото кое води во ЛШ ќе го завземат уште Тотенхем и Челзи кој се прогнозира дека ќе освојат 79 бода, додека на позицијата во друштво на најдобрите европски тимови ќе бидат Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Исто така, според проценките од лигата би требало да испаднат Барнли, Фулам и Кардиф, а борбата би требало да биде отворена до самиот крај на првенството.
Сепак, ние ќе почекаме до мај и крај на првенството кога и ќе дознаеме, бидејќи на теренот математиката не е од голема помош.