Во Лондон синоќа беше одржана церемонијата на ФИФА за најдобар фудбалер во 2017. година.
Според очекувањата наградата за најдобар играч ја освои Кристиано Роналдо кој зад себе ги остави Меси и Нејмар. Португалецот имаше одлична сезона во Реал Мадрид со кого ја одбрани титулата во ЛШ, а „Кралевите“ по неколку годишната пауза повторно станаа шампиони на Шпанија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо доби убедливо најмногу гласови од селекторите и капитените на репрезентациите, но како капитени на своите селекции и тие мораа да гласаат. Се разбира, како и секогаш тие останаа лојални на своите играчи од Реал Мадрид, односно Барселона.
Најдобриот играч во светот гласовите ги даде за Модриќ, Рамос и Марсело. Од другата страна, Меси на првото место го стави Суарез, додека зад него останаа Иниеста и Нејмар кој меѓувремено го промени клубот.