Фудбалерите на Барселона синоќа беа катастрофално поразени од Баерн во четвртфиналето на ЛШ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веќе трета година по ред Барселона во ЛШ доживеа дебакл, а после Рома и Ливерпул се чини дека најголемиот удар го доби од Баерн. Каталонците синоќа примија дури осум погодоци и се чини покажаа дека ова е крај на една генерација.
Навивачите веќе со години се потпираат на Лионел Меси, но јасно е дека тој не може сам. На Барселона и се потребни големи промени во играчкиот кадар, а Баерн тоа им го покажа на најлош можен начин.
Колку овој пораз тешко му падна на Меси најдобро покажува фотографијата од соблекувалната. Аргентинецот разочарано седеше и јасно е дека немаше сила било што да им каже на своите соиграчи.
