Доминацијата на Ферари на тренинзите пред квалификациите за ГН на Белгија се продолжи. Имено, на последниот трет тренинг, најбрз беше Севастијан Фетел, додека втор беше неговиот тимски колега, Кими Рајконен.
Германскиот возач најбрзиот круг го извози со време 1:42.661, додека на Рајконен времето беше 1:42.724.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По тимот на Ферари најбрз беше тандемот на Мерцедес. Така Луис Хамилтон запиша време од 1:42.798, додека Ботас 1:43.464.
Трееба да се додаде и дека тандемот на Ред Бул, Верстапен и Рикиардо го зазедоа петтото односно шестото место.
Инаку квалификациите за ГН на Белгија на распоредот се денес во 15:00, додека трката е закажана за утре во 15:10.