Во пониските ракометни лиги во Германија вчера видовме и една македонска пресметка.
Игор Тоскоски во улога на тренер играч со својата Аполда се соочи со Ивица Лазаровски и Мартин Гинов од редовите на Мухлаусен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоскоски во минатото беше дел до тимот на Пелистер кој ја освои последната двојна круна во сезоната 2004/2005. Во Пелистер го делеше голот со имиња како Петар Ангелов (Диви), Никола Митревски, Марјан Андонов, Стефче Стефановски, Шандор Ходик, Виктор Горбах, Дамјановиќ, Петар Мисовски, Чаневски…
Покрај Пелистер го носеше дресот уште на Слога Добој и Доукас од Грција со кој освои двојна круна. Под водство на Гино Стрезовски два пати добиваше повик во репрезентацијата на Македонија.
На спротивната страна Лазаровски ја игра својата петта сезона во Мухлаусен, а претходно беше дел од Борец, Куманово, Пелистер, имаше епизоди и во Саудиска Арабија и Турција.
Гинов пак ја игра својата петта сезона во Мухлаусен претходно ја градеше кариерата во македонските клубови Металург, Куманово, Борец и Пелистер.