Дома Македонски спорт Успешен настап на каратистите на Макпетрол на интернационалниот турнир во Тузла

Успешен настап на каратистите на Макпетрол на интернационалниот турнир во Тузла

Почитувани,  Карате клубот Макпетрол – Скопје викендов зема учество на интернационалниот карате турнир кој се одржа во Босна и Херцеговина, Тузла – опен.

На турнирот земаа учество 888 натпреварувачи од 75 клубови и национални селекции од Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина Овој турнир се одржа во салата Мејдан , 23 пати по ред, а се одржува по повод независноста на Босна и Херцеговина.,


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Каратистите на Макпетрол на овој турнир настапија претежно во највозрасната сениорска конкуренција, и тие  успеаја да освојат вкупно 6 (шест)  медали од кои 3 (три) златни и 3 (три) бронзени.

Најдобар впечаток секако дека оставија финалистите: Нашата најдобра сениорка за 2020 година Анѓела Мојсовска, која успеа да освои два медали на овој квалитетен турнир.

Таа најнапред се закити со златниот медал во сениорска конкуренција категорија -68 кг, имаше пет победи до медалот. Подоцна во свечениот дел од турнирот Мојсовска како победник во категорија добри право за настапи и во апсолутна категорија , категорија во која имаше и парични награди од страна на организаторот, во апсолутна категорија таа го освои бронзениот медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…