Светскиот рекордед на 100 метри Усаин Болт тврди дека е измамен и дека изгубил 12 милиони долари.
Според информациите на медиумите во Јамајка, Болт пред 12 години вложил десет милиони долари во јамајканската фирма „Stocks and Securrities Limited“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фирмата долго била под истрага па пропаднала откако е докажано дека измамила бројни инвеститори за вкупен износ од 1.2 милијарди долари. Болт тврди дека имал 12 милиони долари, но одеднаш таа бројка паднала на 12.000 долари, иако тој ништо не исплатил.
„Болт разочаран, фрустриран, но и шокиран од својата држава која ја стави на мапата на светот со своите спортски успеси. Вложи пари кои не може да ги врати“, изјави адвокатот на Болт, Линтон Гордон.