Пари Сен Жермен во вторникот го потврди својот пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите со вториот триумф против Реал Сосиедад.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Два гола на оваа средба постигна Килијан Мбапе кој го привлече вниманието и со еден спринт со истрчувањето сто метри за 10.9 секунди. За еден фудбалер тоа е навистина брзо, а се споменуваше и дека се приближил на славниот рекорд на Усаин Болт на сто метри (9.58 секунди).
Сега во јавноста со свој коментар се огласи и Јамајканецот.
„Кога ја видов информацијата за спринтот на Мбапе ме насмеа. Па, девојките трчаат побрзо“, прокоментирал Болт.
Иако звучи смешно, оваа констатанција на Болт и не е далеку од вистината. Имено, кога Мбапе ќе спореди со времето на женските атлетичарки би бил рангиран на 63. место. Но, спринт патеката и фудбалскиот терен се различни и брзината на Мбапе секако е за почит.