Дома Македонски спорт Убедлива победа на фудбалерките до 19 години против Грузија

Убедлива победа на фудбалерките до 19 години против Грузија

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години забележа убедлива победа над соодветната селекцијата на Грузија во натпревар од првото коло на квалификацискиот турнир во Скопје, во рамките на групата Б1 (втора рунда, лига Б).

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Астрит Мерко славеа победа со убедливи 4:0.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Првиот погодок беше дело на Панеска во 22. минута од мечот. Сулејмани во последните моменти од првото полувреме го зголеми нашето водство.

Во продолжението од натпреварот, Македонија постигна уште два гола за убедлив триумф на почетокот на квалификацискиот турнир. Мејер во 82. минута погодува за 3:0. Конечните 4:0 беа дело на Настовска во последната минута од дуелот.

Македонија: Кабакчи, Головска, Сулејмани, Мојсоска, Блажевска, Мејер, Ефтинџиоска, Села, Велкова, Сулејмани, Панеска;

Селектор: Астрит Мерко;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роналдо со кратка порака ги „запали“ Португалци по победата над Германија

Португалија ја победи Германија со 2:1 во првото полуфинале на Лига нации, а човекот на од…