Дома Фудбал Останато Заслужија: Одбојкарите за пласманот на Европското првенство ќе бидат наградени со богата премија!

Заслужија: Одбојкарите за пласманот на Европското првенство ќе бидат наградени со богата премија!

Македонските одбојкари вчера испишаа нова страница во спортската историја – со триумфот против Грузија обезбедија пласман на уште едно Европско првенство, четврто по ред за нашата репрезентација. Големиот успех ќе биде награден и од државата.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, веднаш по натпреварот соопшти дека Владата донела одлука да ги награди одбојкарите со парична премија.

„Овој пласман ќе го наградиме со три милиони долари, што ќе значи еден мал поттик за наредни успеси. Сакаме сите кои играат за репрезентациите да знаат дека нивниот труд за националниот дрес ќе биде вреднуван. Честитки до момците, не е мала работа да се биде помеѓу најдобрите во Европа“, изјави Ристовски.

Следното Европско првенство ќе се одржи во 2026 година, а домаќини ќе бидат Бугарија, Финска, Италија и Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Само 100 секунди и крај: Летна „левицата“, а тој падна како покосен – публиката во Париз занеме! (ВИДЕО)

Француското дерби на УФЦ спектаклот во Париз заврши со страшен нокаут веќе во првата рунда…