Минатото лето Александар Трајковски како слободен играч од Палермо се пресели во Мајорка.
Трајковски имаше повеќе понуди, а на крајот се реши за онаа на Мајорка и ако судиме од денешна гледна точка погреши со изборот. Трајковски во изминатата сезона за Мајорка игра многу малку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во разговор за италијанските медиуми Трајковски откри дека помеѓу клубовите кои испратиле понуда бил и Милан.
„Претставници на Милан се сретнаа со моите агенти. Постоеше контакт и разговор, но на крајот не се договоривме. Преговорите не течеа онака како што очекував и на крајот ја избрав понудата на Мајорка. Освен Милан имав понуди и од други италијански клубови, меѓутоа кога пристигна понудата од Мајорка ми се појави желба за преселба на Апенинскиот полуостров“, раскажа Трајковски.