Дома Фудбал Репрезентации Трајковски: Бевме на чекор до нешто големо…

Трајковски: Бевме на чекор до нешто големо…

Македонија вчера беше поразена од Португалија во финалниот бараж за Светското првенство, но фудбалерите на теренот не разочараа, напротив мораме да бидеме задоволни од борбата која прикажаа.

Нашата репрезентација вчера беше достоен противник на Португалците и покажавме дека можеме да играме со секого. Херојот од претходниот натпревар против Италија, Александар Трајковски до фановите се огласи преку социјалните мрежи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Бевме блиску до нешто големо, сакавме победа, дадовме се од себе, но тоа не беше доволно. Ние сме сигурни дека сме одлична група, тим кој се бори за единствена цел. Чекор по чекор ќе станеме уште посилни, секогаш трудејќи се да бидеме подобри од претходно. Горди на овој тим“, порача Трајковски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПОНУДА ШТО НЕ СЕ ОДБИВА: Лаутаро Мартинез го напушта Интер?

Лаутаро Мартинез е без сомнение еден од најдобрите играчи на Интер во историјата на клубот…