Преодниот рок во Англија заврши, па сега останува да ги следиме возбудувањата во останатите првенства. Со Спортски бидете во тек со се што случува на трансфер пазарот!
– ТУКА можете да проследите како помина вчерашниот последен ден во Англија
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
– Фулам беше вистински хит во преодниот рок, потроши повеќе отколку сите нови прволигаше во ТОП 5 првенства заедно (ОВДЕ)
– Јери Мина вчера го комплетираше трансферот во Евертон, но Барса наводно има опција да го врати наредното лето за сума од 60 милиони евра. (ОВДЕ)
– Наводно, незадоволен од случувањата на трансфер пазарот, Жозе Мурињо во текот на вчерашниот ден размислува за оставка. (ОВДЕ)
– Иако преодниот рок во Англија заврши, Челзи се уште стравува дека може да го изгуби Азар и така ќе остане до 31 август. (ОВДЕ)
– Официјално: Анте Ребиќ го продолжи договорот со Ајнтрахт. (ОВДЕ)
– „Калчомеркато“ утрово ексклузивно пренесе дека Лука Модриќ го известил Перез дека сака во Интер. (ОВДЕ)
– ТРАНСФЕР КОЈ БИ ГИ ЗДРМАЛ ПИРИНЕИТЕ: Реал тргнува по Тиаго Алкантара! (ОВДЕ)
– Според информациите Перез бил спремен да понуди 100 милиони евра за Савиќ, додека Лотито не сака да го пушти пд 120. Италијанците пишуваат и дека Лацио му понудил нов договор на Савиќ со откупна клазула од 150 милиони евра. (ОВДЕ)
– „Скај Спорт“ најави дека Барселона и Реал Мадрид се уште покажуваат интерес за Кристијан Ериксен. Сепак, тешко е да се верува дека Даниел Леви ќе го пушти сега кога не може да му доведе замена.
Real Madrid, PSG and Barcelona are all interested in signing Christian Eriksen. Tottenham would demand a fee close to £100m for the Danish playmaker. (Source: SkySports) pic.twitter.com/FisBz93MDB
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 10, 2018
– Рома тргнува во нов напад, на Шпанецот Сусо од Милан. Според информациите на „Калчомеркато“ агентот на фудбалерот ќе има средба со луѓето од Милан. Опциите се или продолжување на договорот или трансфер во Рома.
Exclusive: #Suso's agent meeting #ACMilan amidst #Roma interest https://t.co/XAUbZdcyrP pic.twitter.com/WWQv7Bq0Nv
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) August 10, 2018
– Спортинг и Јувентус се блиску до договор за позајмица на Стефано Стураро за сума од два милиони евра.
– „Росонерите“ наводно веќе ја стартувале операцијата „Дракслер“! Во меѓувреме Италијанците додаваат и дека го приведуваат кон крај трансферот на Бакајоко од Челзи. (ОВДЕ)
– „Случај Модриќ“: Најновата вест гласи дека Реал Мадрид е спремен на Хрватот да му понуди договор според кој ќе заработува 13 милиони евра годишно, ќе потсетиме, Интер имаше понуда од 10 милиони евра по сезона.
– Официјално: Реал Мадрид потврди дека Тео Ернандез го напуштил клубот. Следната сезона ќе ја помине како позајмен фудбалер во редовите на Реал Сосиедад.
– Џанлука Ди Марцио пренесува дека Милан покажал интерес за фудбалерот на Спаратак Москва, Квинси Промес
#Milan, idea Quincy Promes ⬇https://t.co/KzkWULQvJ9
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 10, 2018
– Спортскиот директор на Милан, Леонардо, потврди дека клубот е блиску до доведување на Бакајоко од Челзи
Leonardo confirms signing Chelsea midfielder for AC Milan is possibility https://t.co/E4ZFpdGBrz pic.twitter.com/0WaW9PrD0R
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) August 10, 2018
– Официјално: Евертон го доведе Курт Зума на позајмица од Челзи. Овој трансфер е потврден денес, а документите до ФА биле испратени вчера во дадениот рок, па се чекало само официјална потврда.
– Oфицијално: Валенсија ја комплетираше позајмицата на Мичу Батшуаи.