Дома Топ вести Барселона договорила клазула во договорот на Мина, познато за колку може да го врати на „Ноу Камп“

Барселона договорила клазула во договорот на Мина, познато за колку може да го врати на „Ноу Камп“

jeri mina

Барселона ова лето одлучи да го продаде колумбискиот фудбалер, Јери Мина во Премиер лигата во екипата на Евертон.

Трансферот е завршен во финишот од преодениот рок во Премиер лигата, а Барса инкасираше 30.2 милиони евра со 2.2 милиони евра бонуси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак шпанските медиуми, поточно „Марка“ тврди дека Барса не се откажала од Мина и може да го врати Мина веќе наредното лето, но за сума од 60 милиони евра.

Мина во Барса помина само шест месеци. Со тоа што на „Ноу Камп“ одигра шест настпревари, но сепак клубот од него заработи повеќе од 20 милиони евра бидејќи од Палмеирас го откупија за вкупно 11.8 милиони.

Колумбиецот големо внимание привлече со фантастичниот настап на Светското првенство во Русија, имаше неколку понуди, а на крајот ја избра екипата од „Гудисон Парк“.

Прилика за деби ќе има веќе во сабота на гостување кај Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…