Дома Топ вести Последниот ден без голем трансфер во Англија: Мурињо и Тотенхем спиеа, Евертон најактивен

Последниот ден без голем трансфер во Англија: Мурињо и Тотенхем спиеа, Евертон најактивен

За прв пат во Англија летниот трансфер прозорец се затвора повеќе од 20 дена порано од вообичаениот 31-ви август.

Тоа беше решено уште минатата година со одлука на англиските клубови, па трансфер прозорецот се затвори денес во 18:00 часот по наше време.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, последниот ден помина разочарувачки без ниту еден голем трансфер. Двете големи прашања беа дали Мурињо ќе успее да го донесе посакуваниот дефанзивец и дали Тотенхем ќе го донесе првото засилуавање за следната сезона. Одговорите на двате прашање се негативни, па фановите сигурно останаа разочарани.

Најактивен во последниот ден од трансфер пазарот беше Евертон. „Карамелите“ донесоа три големи засилувања. Бразилецот Бернард кој доаѓа како слободен агент, дефанзивецот Јери Мина од Барселона за 32 милиони евра и Андре Гомеш на едногодишна позајмица исто така од Барселона.

Активен беше и Фулам кој го потврди трансферот на Личијано Вето од Атлетико Мадрид и Фосу-Менса од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…