Дома Топ вести Шпанците најавуваат „предавство“: Перез тргнува по играчот кој израсна во „Ла Масија„!

Шпанците најавуваат „предавство“: Перез тргнува по играчот кој израсна во „Ла Масија„!

perez

Клубовите се на чекор од договор, барем така пренесуваат шпанските медиуми.

Според најавите кои доаѓаат од Шпанија, на повидок е трансфер кој ќе ги здрма Пирените!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите на „Onda Cero“, Реал Мадрид постигнал договор и во своите редови ќе го доведе поранешниот член на Барселона – Тиаго Алкантара!

Баерн Минхен нема ништо против продажбата, но сакаат сума помеѓу 60 и 70 милиони евра, претпоставка е дека „кралевите“ ќе тргнат во „напад“ со 50 милиони евра. Договорот би можел да биде постигнат некаде на средина.

Самиот играч за врска наводно најмногу во Реал го привлекува тоа што ќе соработува со Јулијен Лопатеги, стрегот кој го водеше во репрезентацијата на Шпанија.

Тиаго во Минхен пристигна од Барселона, потекнува од познатата фудбалска школа на Каталонците, „Ла Масија“ каде и што се оформи како фудбалер. Поради навивачите на Барселона ваквиот трансфер би можеле да го сфатат како еден вид на предавство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…