Дома Фудбал Англија Жешко било вчера во Јунајтед, Мурињо размислувал за – отказ!?

Жешко било вчера во Јунајтед, Мурињо размислувал за – отказ!?

Maнчестер Јунајтед вечерва со почеток од 21:00 часот ја стартува новата сезона во Премиер лигата против тимот на Лестер, а случувањата во текот на преодниот рок би можеле да имаат негативно влијание врз тимот на Жозе Мурињо.

Мурињо покрај тоа што не е задоволен од добро одработениот преоден рок има проблеми и со повредените играчи, помеѓу нив се Немања Матиќ, Рохо, Ромеро, Валенсија и Ерера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Епилогот од преодниот рок за Јунајтед дефинитивно не е онаков каков што Португалецот посакуваше.

Во клубот пристигнаа само: Диаго Далот (Порто), Фред (Шахтјор) и Грант (Стоук).

Заминаа: Керик (се повлече), Рили (Бредфорд), Хендерсон (Шефилд Јунајтед, позајмица), Џонстон (ВБА), Блинд (Ајакс), Вилок (Сент Мирен), Бортвик-Џексон (Скантроп, позајмица), Џоел Переира (Виторија Сетубал, позајмица), Туанзебе (Астон Вила, позајмица), Фосу-Менсах (Фулам, позајмица).

Она што во последните моменти се очекуваше е Манчестер Јунајтед да ангажира барем еден стопер, се споменуваа бројни имиња: Алдервилд, Мина, Годин, Боатенг, Зума, Мегваер, но на крајот – ништо!

Мурињо на вчерашната утринска конференција (9:30) најави дека нема да има ништо, многу се сомневаа во вистинитоста, но до крајот на денот зборовите на Жозе се покажаа како точни.

Денес, еден ден подоцна се појавија и информации во британските медиуми дека наводно Мурињо поради незадоволството од одработениот преоден рок размислувал и за отказ!

Наводно, Мурињо не би имал никаква дилема околу заминувањето доколку не се работело за клуб со реноме на Манчестер Јунајтед.

Португалецот токму поради споменатата ситуација во преодниот рок не е во добри односи со Ед Вудворд, па останува да видиме каква ќе биде актуелната сезона за „ѓаволите“. Ќе потсетиме, Мурињо пред неколку дена самиот најави дека без засилувања ќе биде тешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бобан Илиоски ќе се бори за светска титула и тоа – во Скопје!

Бобан Илиоски, најдобриот македонски кикбоксер ќе се бори за светската шампионска титула н…