Дома Топ вести Трансфери во живо: Мурињо го „краде“ Санчез, Азар се договори со Реал, Ливерпул на чекор до големо засилување

Трансфери во живо: Мурињо го „краде“ Санчез, Азар се договори со Реал, Ливерпул на чекор до големо засилување

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

Франк Рибери би можел да го напушти Баерн Минхен на крајот од сезоната кога и му истекува акутелниот договор (ОВДЕ)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ одби огромна понуда и 15 милиони евра по сезона

– Како што пренесува англиски „Телеграф“ Ливерпул е спремен да му понуди нов договор на Роберто Фирмино со 100% поголема плата. (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Барселона го комплетираше трансферот на дефанзивецот Јери Мина за сума од 12.5 милиони евра.

– Најстариот фудбалер Казјоши Миура во светот кој во февруари полни 51 година, денес потпиша нов договор на една година со својот клуб Јокохама.

– Екипата која е последна на табелата во Серија А, Беневенто ќе се обиде во зимскиот преоден рок да ги доведе Марко Рог и Никола Максимовиќ. (ОВДЕ)

– Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед во овој преоден рок ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Андерлехт, Леандер Дедонкер. Сумата која се споменува за овој трансфер изнесува 27 милиони фунти.

– Неофицијални информации од Англија говорат дека Тотенхем наскоро ќе започне преговори со својот фудбалер од средината на теренот, Деле Али.

– Како што пренесува секогаш добро известениот „Ливерпул Ехо“, Евертон влегува во трката за Тео Волкот, а сумата за која Волкот би го напуштил Арсенал се очекува да изнесува 30 милиони фунти.

– БОМБА од Англија, Манчестер Јунајтед тргнува по Алексис Санчез, пренесува Џанлука Ди Марцио.

– Според некои медиуми Еден Азар прифатил да се пресели во Реал Мадрид

Габигол по неуспешната авантура во Бенфика би можел да се врати во татковината во тимот на Сантос (ОВДЕ)

– Како што пренесуваат шпанските медиуми, Андре Гомеш побарал дозвола од Барселона да ја напушти Барселона.

Дани Себалос наводно им соопштил на „кралевите“ дека сака да го напушти и Мадрид и да се пресели во редовите на Ливерпул, пренесува „Диарио Гол“

– Како што потврди капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва, Аргентинецот, Хавиер Пасторе побарал од клубот да биде продаден.

– Со пристигнувањето на Јери Мина, Барселона даде зелено светло за трансфер на Хавиер Маскерано кој ќе се пресели во Кина. (ОВДЕ)

– Крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Николас Гаитан може да се пресели во Саутемптон, пренесуваат англиските медиуми.

– Милан не се откажува од Андреа Белоти. „Росонерите“ се спреми да понудат 70 милиони евра за напаѓачот на Торино. (ОВДЕ).

-Само детали го делат Рафиња од трансфер на „Џузепе Меаца“. Играчот за врска доаѓа на позајмица, а Интер следното лето ќе може да го откупи за 20 милиони евра. (ОВДЕ)

-Манчестер Јунајтед е спремен да го понуди Хенрих Михтарјан за да дојде до потписот на Алексис Санчез.

-Ливерпул е на чекор до ново големо засилување. Англиските медиуми тврдат дека преговорите се во напредна фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…