Беневенто е последен на табелата во Серија А и има „само“ седум освоени бодови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Само“ бидејќи до недодаман тие беа единствената екипа без ниту еден освоен бод во Европа. После неколку добри настапи „вештерките“ ги зголемија апетитите и сакаат да се засилат за продолжение од сезоната со цел да направат сензација и да успеат да се задржат во Серија А, што би било еднакво на чудо.
Имено, на мета на Беневенто се Никола Максимовиќ и Марко Рог.
Како би стигнале до овие двајца фудбалери?
Преку Фадиљ Рамадани. Познатиот менаџер кој се обидува да се вовлече и во Беневенто. Оваа информација ја пренесе „Il Matino“ кој секогаш има одлични извори, па поради тоа трансферот на овие два балкански фудбалери во зимскиот преоден рок е сосема реален.