Норвешката гол-машина на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.
Халанд е голема желба на многу клубови, а на лето во неговиот договор ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, клубот што ќе го купи Халанд ќе мора да издвои и голема сума како провизија за неговиот агент Мино Раиола. „Скај Спорт“ тврди дека контроверзниот холандски менаџер бара дури 40 милиони евра за неговите посреднички улоги во трансферот на Ерлинг Халанд.
Притоа, провизија од 20 милиони евра бара и таткото на Халанд, кој е дел од менаџерскиот тим. Останува да видиме кој клуб е спремен да му плати толкава сума на Раиола за да го добие потписот на напаѓачот.