Тотенхем започнал преговори со младиот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони, пренесуваат италијанските медиуми.
Бастони е најголема желба на тренерот Антонио Конте, а спортскиот директор Паратичи веќе имал средба со агентот на дефанзивецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интер има финансиски проблеми и ова лето мора да продаде една од своите ѕвезди, а тоа најверојатно ќе биде Бастони.
„Нероаѕурите“ за слободата на Италијанецот бараат 60 милиони евра, сума која Тотенхем е спремен да ја плати.
Конте веќе го убедил младиот Италијанец да се пресели во Тотенхем за да можат повторно да работат заедно.
🚨 Il #Tottenham è molto forte su #Bastoni: contatti in corso con Tinti per trovare una quadratura sulle cifre. E con un’offerta importante l’#Inter darà il via libera alla cessione
— Daniele Longo (@86_longo) June 3, 2022