Дома Македонски спорт Мак фудбал Тешка 2020 година за македонската кошарка: Почина Марјан Лазовски

Тешка 2020 година за македонската кошарка: Почина Марјан Лазовски

2020 година ќе биде запаметена како исклучително тешка за македонската кошарка, денес стигна нова тажна вест, почина Марјан Лазовски, еден од најголемите кошаркарски работници во нашата држава.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лазовски во целата кариера водеше клубови во Македонија, а еден период беше и селектор. Беше на чело и на машката и на женската А селекција. Голем успех оствари и со младинците со кои играше во А дивизијата на ЕП.

Тој почина утрово на 58 годишна возраст после битката со коронавирусот. Кошаркарската јавност ќе го памети како човек кој секогаш беше подготвен да помогне без разлика дали се работи за клуб или репрезентација.

Во кариерата беше тренер на Работнички, МЗТ Скопје, Вардар, Торус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …