Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа на ФФМ за ПМФЛ и ВМФЛ: Судиите добро си ја завршија работата

Судиска анализа на ФФМ за ПМФЛ и ВМФЛ: Судиите добро си ја завршија работата

Судиска анализа за 4. коло од ПРВА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 4 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На натпреварот  ФК Силекс – ФК Академија Пандев одигран на 27.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 48. минута.

Главен судија: Стојанче Стојанов; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

48. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на Академија играч од нападот на Силекс беше во посед на топката и шутираше кон голот на Академија, пред него на многу кратко растојание стоеше играч од одбраната на Академија кој при шутот сакајќи да ја заштити главата топката го погоди во рака.

Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, бидејќи играчот ја  штитеше главата и со раката не го зголеми волуменот на телото.

На натпреварот  ФК Шкендија – ФК Струга Трим Љум одигран на 28.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 46. минута.

Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;

46. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на Струга беше во посед на топката, на него стартуваше на нога со силен интензитет (грубо) претпоследниот играч од одбраната на Шкендија спречувајќи очигледна шанса за гол.

Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон на играчот за груб старт и спречување очигледна шанса за гол.

На натпреварот  ФК Брегалница – ФК Македонија Ѓ.П. одигран на 28.08.2022 година, анализирани се ситуациитеод 54, 62. и 87. минута.

Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски;

54. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Брегалница беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на Македонија, на него стартуваше играч од одбраната на Македонија правејќи прекршок (старт на нога, сопнување).

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за недозволен старт (старт на нога, сопнување) без дисциплинска мерка.

62. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Македонија беше во посед на топката пред самата линија од шеснаесетникот на Брегалница, на него стартуваше играч од одбраната на Брегалница и направи прекршок.

Исправна одлука на судијата што досуди слободен удар, иако е многу тешка ситуација за проценка бидејки контактот  беше пред самата линија на шеснаесетникот, главниот судија беше одлично поставен и донесе исправна одлука.

87. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на Бреганица, играч од нападот на Македонија ја удри топката со глава, на половина метри (кратко растојание) од него стоеше одбранбен играч на Бреганица и топката го удри во гради па рака која е во висина на телото.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи растојанието меѓу играчите беше мало и топката го удри играчот во тело па рака. Во ваква ситуација играта продолжува.

На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 2 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 2 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Вардар – ФК Охрид одигран на 27.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 31. минута.

Главен судија: Марјан Дејаноски; Помошни судии: Мартин Дејаноски и Александар Недевски;

31. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Вардар беше во посед на топката во шеснаесетникот на Охрид, на него стартуваше играч од одбраната на Охрид и направи прекршок, меѓутоа играчот на Вардар продолжи да игра со топката , направи повеке контакти со топката сакајќи да постигне гол.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки играчот  сакаше и продолжи да игра со топката, направи повеќе движења и ја заврши акцијата.

На натпреварот  ФК Воска – ФК Локомотива Пехчево одигран на 27.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 52. минута.

Главен судија: Крумислав Горгиев; Помошни судии: Кристијан Џонов и Андреј Ќамилов;

52. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено удар од 11 метри)

Играч на Воска упати висока топка во шеснаесетникот на Локомотива, играч од одбраната на Локомотива со рака го фати играш од нападот на Воска за глава ( врат) и со интензитет го турна на земја играчот од нападот на Воска спречувајќи го да игра со топката

Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за недозволен старт (влечење за врат со силен интензитет) и исправно доделен жолт картон.

На натпреварот  ФК Пелистер – ФК Беса одигран на 27.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 19. минута.

Главен судија: Христијан Божиновски; Помошни судии: Иле Мишевски и Борис Трајков;

19. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досудено удар од 11 метри)

Играч од нападот на Пелистер беше во посед на топката во шеснаесетникот на Беса и се наоѓаше сам пред голманот, на него со лизгачки старт од зад грб стартуваше одбранбениот играч на Беса и ја изби топката чисто и без контакт.

Исправна одлука на главниот судија да дозволи играта да продолжи, бидејќи стартот беше на топка и немаше елементи да се досуди удар од 11 метри.

На натпреварот  ФК Слога Виница – ФК Караорман одигран на 27.08.2022 година, анализирани се ситуациите од 76. и 80. минута.

Главен судија: Владимир Ѓеорѓиевски; Помошни судии: Николче Дрнковски и Дарко Василевски;

76. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досудено удар од 11 метри)

Играч на Слога беше во посед на топката во шеснаесетникот на Караорман, на него стартуваше рамо со рамо (ремплање) играч од одбраната на Караорман, играчот на Слога го изгуби поседот на топка и падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи стартот беше коректен (ремплање) и не беше доволен за удар од 11 метри.

80. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено удар од 11 метри)

Играч од екипата на Караорман прими топката  во шеснаесетникот на Слога централно од голот, на него стартуваше со лизгачки старт директно на ногата  одбранбениот играч на Слога и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри и додели жолт картон, бидејќи стартот беше недозволен, играчот стартуваше на нога на противникот без да има шанса да игра со топката.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

На „Комити“ им било јасно кажано: Миленко мора да биде во клубот – во спротивно клубот нема да постои!

„Комити“ денеска ја одржаа најавената прес-конференција на која објаснија како стојат рабо…