Дома Фудбал Италија Срамен коментар: Единствен начин да го запрете Лукаку е да му фрлите десет банани да ги изеде

Срамен коментар: Единствен начин да го запрете Лукаку е да му фрлите десет банани да ги изеде

Белгискиот напаѓач на Ромелу Лукаку на почетокот на овој месец беше жртва на расистички навреди.

Интер пред две недели играше на гости против Каљари и во тој натпревар во центарот на вниманието се најде Лукаку кој со својот гол донесе победа на клубот од „Џузепе Меаца“. Но на овој натпревар ја видовме и темната страна на италијанскиот фудбал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Расизмот е голем проблем на Апенините и Италијаните очигледно тешко можат тоа да го решат. Навивачите на Каљари расистички го наведуваа Лукаку, но очигледно во Италија на многумина не им беше тоа чудно.

Срамен коментар после се даде италијанскиот фудбалски аналитичар Лусијано Пасирани кој беше гостин во една телевизија. Тој ги оправда навивачите на Каљари и изјави дека тоа е единствениот начин да се запре Лукаку.

„Ако одите еден на еден со него не верувам дека имате многу шанси. Единствениот начин да го запрете Лукаку е да му фрлите десет банани да ги изеде“, изјави Пасирани.

Директорот на телевизијата „ТопКалчо24“, Фабио Равенаци се извини на јавноста поради изјавата на Пасирани и порача дека тој повеќе никогаш нема да биде гостин на неговата телевизија.

„Господинот Пасирани има 80 години и она што го кажа за Лукаку беше расистички. Таквите изјави не можам да ги толерирам, тој повеќе никогаш нема да биде наш гостин“, изјави Равенаци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…