Дома Фудбал Останато Составен идеален тим на Гвардиола во 4-3-3 формација: Три позиции најмногу се коментираа

Составен идеален тим на Гвардиола во 4-3-3 формација: Три позиции најмногу се коментираа

Пеп Гвардиола важи за едно од најголемите фудбалски имиња во светот и тој епитет заслужено го стекна со успесите низ годината.

Првпат во улога на тренер блесна на „Ноу Камп“ каде што ја водеше неговата Барселона, а потоа продолжи во Баерн и Манчестер каде што работи и денес.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во фудбалот е прилично долго и работеше со голем број фудбалски ѕвезди и од играчите со кој соработувал е навистина тешко да се избере идеални 11.

Тоа го направи сега англиски „Мирор“. Овој медиум состави тим во формација 4-3-3.

ИДЕАЛНИТЕ 11 КОИ ГИ ТРЕНИРАЛ ГВАРДИОЛА СПОРЕД „МИРОР“

Голман: Виктор Валдес

Одбрана: Дани Алвес, Жерард Пике, Карлес Пујол, Ерик Абидал

Средина: Чави Ернандез, Серхио Бускетс и Сејду Кеита

Напад: Педро Родригез, Рахим Стерлинг и Лионел Меси

КЛУПА: Мануел Нојер, Николас Отаменди, Фернандињо, Андерс Иниеста, Кевин Де Брујн, Давид Силва и Серхио Агуеро.

За многумина е изненадување што Мануел Ноер не е на голот пред Виктор Валдес, како и тоа што Иниеста е на клупата додека во првите 11 е Кеита, многу се коментираше и местото на Педро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фотографија која го обележа финалето во Лигата на Европа 📸

Вчера во финалето од Лигата на Европа Аталанта го победи Баер Леверкузен за кого ова беше …