Дома Фудбал Англија Солскјер: Воопшто не ми е гајле дека Покетино е слободен

Солскјер: Воопшто не ми е гајле дека Покетино е слободен

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер изјави дека воопшто не е загтрижен од фактот дека Маурисио Покетино е слободен после отказот во Тотнхем.

Аргентинецот беше сметан за еден од фаворитите за менаџерската позиција на Олд Трафорд уште пред да дојде Солсјкер, па сега повторно се појавија шпекулации дека Покетино може да ги преземе „црвените ѓаволи“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Тоа воопшто не ме загружува. Јас ја имам најдобрата работа во светот. Знам дека сите менаџери би сакале да работат во Манчестер Јунајтед. Јас треба да се фокусирам на моите ангажмани и да ги исполнувам најдобро што можам. Постојано сум во конаткт со Вудворд и со сопствениците и за тоа како да го развиваме клубот. Тоа нема да се промени само затоа што другите клубови ги сменуваат своите менаџери“, изјави Солскјер.

„Убаво е што Жозе се врати, особено за вас новинарите. Што се однесува до Маурисио секогаш е тажно кога некој колега, кој е добар човек, да ја загуби работата пред Божиќ. Му посакувам се најдобро“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Играше за Реал, Челси и ПСЖ, сега ќе избира убавици на Мис Универзум

Поранешната фудбалска ѕвезда Клод Макелеле (52) ја замени фудбалската сцена со гламурознат…