Дома Македонски спорт Мак ракомет Слободен влез за Македонија – Црна Гора во „Борис Трајковски“

Слободен влез за Македонија – Црна Гора во „Борис Трајковски“

За натпреварот од „ЕХФ купот“ помеѓу Македонија и Црна Гора влезот ќе биде слободен, соопштија од РФМ.

„Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ купот помеѓу Црна Гора и македонската национална женска селекција кој ќе се одигра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ на 07.10.2021 г. (четврток) со почеток во 20:15 часот, влезот е слободен.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 (Сл.Весник бр.199 од 25.08.2021 г.) дозволен е максимум 30% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект .

При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи :- сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест Covid-19 или :- сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување.“, стои во соопштението од ракометната федерација.

Натпреварот исто така ќе може да се проследи со директен пренос на МРТ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…