Дома Останати Ракомет РФМ изба нов селектор за генерацијата до 20 години!

РФМ изба нов селектор за генерацијата до 20 години!

Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години ќе настапи со нов селектор на претстојното Европско првенство, откако досегашниот предводник Наум Танески поднесе оставка од функцијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ракометната федерација за негов наследник го назначи Игор Илиевски, кој ќе ја предводи националната селекција на континенталниот шампионат во Романија.

Европското првенство ќе се одржи од 8 до 19 јули, а младите македонски ракометари ги очекуваат сериозни предизвици во групната фаза, каде што ќе се соочат со селекциите на Данска, Норвешка и Хрватска.

Илиевски зад себе има успешна работа во младинските категории, а особено се истакна со кадетскиот состав на Пролет, со кој успеа да ја освои шампионската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија доби две места во ракометната Европска лига, но уште ќе немаме директно место во ЛШ!

Македонскиот клупски ракомет продолжува да бележи напредок, а најновите ранг-листи покажув…