Репрезентативецот на Македонија, Ѓоко Зајков нема да продолжи во Славија Софија.
Бугарскиот клуб нема да ја продолжи позајмицата со Зајков. Македонскиот стопер дојде во клубот во текот на зимото како позајмен играч од Ворскла, имаше опција да го продолжи договорот, но бугарскиот тим нема да ја искористи таа опција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во редовите на Ворскла од каде што си замина поради ситуацијата во Украина дојде од Левски. Од идната сезона фудбалерите кои ја напуштија Украина би можеле да се вратат во украинските тимови.
Меѓутоа според информациите Зајков може да остане во Бугарија во друг клуб додека ситуацијата во Украина целосно не се смири.