Maкедонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков од денес и официјалн ое фудбалер на романската Универзитате Крајова.
Трансферот од Ворксла Полтава од Украина беше најавен уште пред една недела, а сега стигна и потврда. Зајков со овој тим потпиша договор на две ипол години и ќе му се приклучи на тимот на подготовките во Анталија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Ворскла Зајков се задржа една година, меѓутоа поради агресијата на Русија првата половина од минатата година ја помина како позајмен фудбалер во Славија Софија.
Зајков зад себе има 22 настапи за А-селекцијата на Македонија, беше дел и од Еуро 2020, додека во кариерата настапуваше за Работнички, француски Рен, Шарлоа од Белгија и бугарскиот Левски.