Дома Македонски спорт Зајков стрелец за Славија Софија против Ботев Враца

Зајков стрелец за Славија Софија против Ботев Враца

Во натпреварот од првата лига во Бугарија Ѓоко Зајков се запиша во листата на стрелци за Славија Софија и тоа против Ботев Враца.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Враца победи со 2:1, а Зајков постигна гол во 70. минута со кој го изедначи резултатот, сепак тој бод не им беше доволен ниту за реми затоа што гостите до триумфот дојдоа со гол длабоко во судиското продолжение во 97. минута.

Ќе потсетиме, Ботев Враца е клубот од каде што Доријан Бабунски во јануари се пресели кај неговиот брат Давид во Дебрецен. Зајков во Славија Софија пристигна откако поради ситуацијата во Украина мораше да ја напушти Ворскла.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …